Со зголемениот број на велосипеди по улиците се создава потреба од пред се поголема а потоа и подобра велосипедска инфраструктура.
Големиот број на велосипедски патеки од кои дел се на ниво со пешачките патеки односно се обележани на тротоарите додека дел се составен дел од сообраќајните ленти одвоени со сигнални столбчиња кои воедно имаат за намена да ги спречат возилата да се паркираат на самите патеки и да го попречуваат движењето на велосипедистите со што директно или индиректно создаваат опасна сообраќајна ситуација која често знае да резултира со телесни повреди.
Бенефитот од зголемениот број на велосипедисти по улиците е намалување на употребата на моторни возила, што повлекува намалување на сообраќајниот метеж што влијае на случените сообраќајни незгоди.
Но од друга страна колку ги познаваат сообраќајните правила велосипедистите и колку има вина на нивна страна во случените сообраќајни незгоди?
Често гледаме по нашите улици возила запрени односно паркирани на самите велосипедски патеки. Иако согласно Законот за безбедност на сообраќајот истото е казниво по член 63 “Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите“, глобата за овој прекршок е во износ од 45 евра во денарска противвредност.
Дополнително, малку посовесните граѓани знаат да запрат веднаш до велосипедските патеки или делумно на нив и притоа без да обрнат внимание на учесниците во сообраќајот кои се движат по велосипедските патеки да предизвикаат сообраќајна незгода.
Ситуација: Запрено возило делумно на велосипедска патека совозачот ја отвара задната десна врата во моментот кога покрај возилото на обележана велосипедска патека се движи велосипедист кој немајќи техничка можност да го одбегне директниот удар во вратата се здобива со посекотина на лицето од ивицата на вратата и повеќе набиеници од падот на асфалтот.
Во оваа ситуација вина има совозачот постапува спротивно на член 68 став 1 “На запрено или паркирано возило не смеат да се отворат вратите, ако со тоа се попречува движењето на другите учесници во сообраќајот или се загрозува безбедноста на сообраќајот“ од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Ваквите сообраќајни ситуации се опфатени со Кривичниот законик во делот Кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај односно член 297 став 1 “Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа го загрози јавниот сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето или имот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе настапи значителна имотна штета, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“ од Кривичниот законик.
Осигуреник.мк во периодот што следи ќе спроведе дополнително истражување на лице место како и инволвирање на сите засегнати страни а со цел утврдување колку и во кој обем се почитуваат сообраќајните правила во однос на управувањето со велосипед и колку е безбедно да си велосипедист на нашите улици.
Воедно Ве повикуваме Вашите коментари, забелешки, видеа и фотографии да ги доставите на contact@osigurenik.mk
