Како да постапите при сообраќајна несреќа: Водич што може да спаси живот и да заштити ваши права

Uncategorized

Доколку сте учесник во сообраќајна незгода во која има повредени лица веднаш без одлагање повикајте Брза помош на бројот 194. Доколку сте во можност фотографирајте го местото на настанот и оштетените возила, најпрво од поголема далечина со цел да се види сообраќајната ситуација по можност траги на кочење или правец на движење, потоа од поблиску со цел да се видат оштеувањата на возилата.

Не напуштајте го местото на настанот се до доаѓање на полиција и преземете мерки за заштита на Вашето возило од дополнителни оштетувања (вклучете ги трепкачите и поставете триаголник) Имајте во предвид дека напуштање на лице место е основ за регрес на исплатената штета од осигурителната компанија.

Полициски службеници од МВР задолжително повикајте доколку (согласно чл. 220 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата):

има повредени и/или загинати лица;
возилата се оштетени во поголем обем и не можат самостојно да се движат на патот;
едно од возилата нема регистарски таблици или не е осигурено;
едно од возилата има странска регистарска таблица,
еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или психотропни супстанци;
еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола;
еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно податоците за возилото;
еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода;

fb-share-icon