За Нас

Идејата за “Осигуреник“ потекнува од реалната потреба на сите нас за објективни информации поврзани со осигурувањето, надоместот на штета како и општествената одговорност на секој од нас.

Секоја ситуација, секоја наша активност со која се среќаваме во текот на денот директно или индиректно е поврзана со осигурување или со надомест на штета. Кога ќе внесете осигурување на интернет единствено што ќе најдете се осигурителните компании, нивните понуди и нивните правила.

Осигуреник.мк е Вашиот збор, Вашето право, другата страна на осигурувањето.

Нашата цел е преку собирање на информации од сите страни, да ви се прикаже вистинската слика, да ја добиете секоја информација поврзана со делокругот на нашето известување на едно место. Преку организирање на проекти да влијаеме заеднички врз однесувањето на поединци и на групи, да го креираме јавното мислење и да ги оствариме потребите најпрво на осигуреникот како поединец, потоа на осигурениците како збир од сите нас.

Потребата од нас се наметна од големиот број на информации поврзани со делокругот на нашето известување, кажани, напишани во нејасен фонт. Со креирањето на “Осигуреник“ имате можност да ги проверите понудите на компаниите, да ги споредите, да добиете мислење од брокери, застапници во осигурувањето и агенти. Имате можност да го проверите начинот на надомест на штета, да побарате совет, да споделите искуство. Имате можност да влијаете на девијатното однесување на поединци, на противправното постапување како и да учествувате во креирање на едно подобро општество за сите нас. Имате можност да прочитате едукативен текст потпишан од осигуреник кој веќе бил на местото на кое сте Вие сега.

 

Со почит, Осигуреник.мк