Осигуреник.мк е креиран од млади ентузијасти кои имаат за цел да известуваат за случувањата во осигурувањето, за сите класи на осигурување сите промени особено компарации помеѓу понудите на друштвата за осигурување.
Целта е да споделиме различни искуства во однос на изборот на осигурувањето, начинот на работа на агентите за осигурување, застапниците во осигурување, брокерските друштва и Друштвата за осигурување.
Свој акцент ставаме и на барањата за надомест на штета преку анализа, статистика како и Ваши искуства кои ќе одлучите да ги споделите со нас.
Еден дел од Осигуреник.мк е резервиран за општествена одговорност. Преку свои проекти и акции сакаме да Ве вклучиме сите Вас во укажувањето на несовесните граѓани дека можат подобро, дека правилата на однесувањето важат за сите нас.
Подршка ќе даваме на сите заинтересирани страни кои во некој дел ќе се пронајдат за заедничка цел, таргет групи се сите пешаци, велосипедисти и возачи, таргет група се сите осигуреници, таргет група си ти!
Заедно со Вас ќе бидеме присутни на сите улици, покрај секој агол, во секоја ситуација која претставува осигуран случај.
Ве повикуваме по разгледување на Осигуреник.мк Вашите прашања, искуства, ставови, забелешки, фотографии и видеа да ги доставите на еден од нашите контакт меилови.
– info@osigurenik.mk (за информации и прашања)
– contact@osigurenik.mk (за Ваши текстови и искуства)
– proekt@osigurenik.mk (за Ваш предлог проект или учество во започнати наши проекти)
– licemesto@osigurenik.mk (за фотографии и видеа поврзани со делокругот на нашето известување)
Маркетинг
Со задоволство Вашата реклама ќе ја објавиме на нашиот портал, за сите информации за можноста за рекламирање условите и цена Ве молиме да ни пишете на marketing@osigurenik.mk или да ни се јавите на 070/962-734 лице за контакт Александар Станковски.