Проект: Места за паркирање на лица со посебни потреби
Статус: Активен
Локација: Град Скопје, паркинзи во трговски центри и паркиралишта од отворен и затворен тип
Цел: Подигнување на свеста кај несовесните учесници во сообраќајот за потребата од ослободување на овој тип на паркинг места.
Контакт ќе се оствари со:
– Трговски центри – кој е одговорен и како е регулирано со казнување
– Корисници на паркинг места за инвалиди
– Став на МВР
– РСБСП има објави со апел но дали имаат превземено конкретни активности
– Законска рамка и казнивост
Вовед:
Во поголемите трговски центри кои имаат сопствен паркинг најчесто истиот е од затворен тип. Покрај редовните паркинг места се практикуваат посебно обележани паркинг места за лица со посебни потреби и тие места најчесто се веднаш до влезовите во самите трговски центри а со цел попрактичен пристап на овие лица.
Многу често сведоци сме сите ние на несовесно паркирање од голем број на граѓани кои ги паркираат своите возила на овие места иако за тоа не поседуваат соодветна паркинг налепница дека во возилото превезуваат лице со посебни потреби па го оневозможуваат паркирањето на оние на кои им е најмногу потребно.
Прашањето е дали реагираме, на кој начин го правиме тоа? Дали ни е сеедно или бараме начин да ја пријавиме злоупотребата?
Со оглед дека самите трговски центри немаат интерес да ги казнуваат или пријавуваат своите потрошувачи најчесто поминуваат не санкционирано.
Потребата од овие паркинг места е наметната од потребата оваа категорија на лица кои имаат потешкотии при движење, качување, симнување да им се олесни влегувањето и излегувањето во трговските центри како и талкањето по потрага за соодветно паркинг место.
Привилегијата на оваа категорија лица не произлегува од нивниот општествен статус, работно место или “пријатели“ туку од нивните физички недостатоци-посебни потреби.
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата член 66 став 1 алинеја 17 “Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило особено – на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби “
Мандатен платен налог со глоба во износ од 180 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот, односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) алинеи 1, 2, 3, 4, 5, 6, 17, 19 и 20 на овој член.
Од страна на РСБСП има совети со апел до несовесните граѓани но колку допира тоа до нив и каков е резултатот?
Дополнително во наредниот период Осигуреник.мк ќе спроведе истражување со сите засегнати страни како и извид на лице место со цел доловување на фактичката состојба и обелоденување на несовесните граѓани особено во трговските центри Сити Мол Скопје, Рамстор Мол Скопје и Капитол Мол Скопје како и околните париралишта од отворен и затворен тип.
Земете учество со Ваши видеа, фотографии и коментари на proekt@osigurenik.mk