Европски извештај

осигурување штети

Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета, во која нема повредени и/или загинати лица и е настаната на објекти и возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање и возилата можат самостојно да се движат на патот, пополнете Европски извештај за сообраќајната незгода и доставете го пополнетиот Европски извештај во осигурителната компанија во која што е осигурено возилото – причинител на штетата, а возачите и возилата учесници во незгодата неопходно е да се јават во истата осигурителна компанија на извид и проценка заради реконструкција на настанот.

Запишете го регистарскиот број на возилото-причинител на штетата, името, презимето и адресата на возачот и сопственикот на возилото-учесник во сообраќајната незгода, како и податоците каде е осигурено возилото од автомобилска одговорност, број на полисата, и задолжително проверете ја важноста на полисата (обезбедете копија од полисата на причинителот на штета).

Во случај кога сообраќајната незгода е настаната со возило осигурено во АД осигурителна полиса или со неосигурено возило, обратете се во нашата осигурителна компанија. Во случај на незгода со странско возило, обезбедете копија од зелената карта и јавете се во Националното биро за осигурување (+389 2 3297 692 – работно време од 08 до 16 часот, од понеделник до петок) каде Ќе добиете информација каде да пријавите штета. Во случај на незгода со возило со македонски реистарски таблички, осигурено во друга осигурителна компанија пријавете ја штетата во компанијата каде што е осигурен причинителот на штетата и потполнете ги потребните формулари за пријава на штета со приложување на потребната документација.

Возило на АРМ како причинител на штета – Барањето за надомест на штета треба да го поднесете до Министерството за одбрана, доколку возилото нема валидна полиса за осигурување. Осигурителните компании може да извршат само услужна проценка на штетата (се наплаќа, но со барањето за надомест на штета може и сумата за проценка да ја побарувате).

Возило на меѓународни мисии (воени или цивилни) како причинител на штета – Барањето за надомест на штета треба да го поднесете до канцеларија на воена или цивилна мисија од каде што потекнува возилото, доколку возилото нема валидна полиса за осигурување. Осигурителните компании може да извршат само услужна проценка на штетата (се наплаќа, но со барањето за надомест на штета може и сумата за проценка да ја побарувате).

fb-share-icon

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *