На 04.09.2022година Осигуреник.мк учествуваше како дел од трката за деца со баланс велосипеди организирана од невладината организација GROW.
Во одлична атмосфера со многу дечиња Осигуреник.мк учествуваше со:
- Едукација на најмалите за правилно учество во сообраќајот,
- едукација на родителите за заштита на најмалите,
- едукација за финансиска сигурност и финансиска писменост.
Воедно како спонзор на трката учествувавме и со пакет осигурување од незгода за секој учесник на денот на трката.
За нас како едукативен сајт од огромна важност е учеството на вакви настани. Особено водејќи се од максимата дека едукацијата започнува од најмали нозе.
Целта на едукацијата е да ги научиме децата да размислуваат. Тоа е единствената подготовка за иднината. Иако е важна улогата на градинките и училиштата сепак најважна е улогата на родителите.
Не постои совршен родител ниту совршено дете, но најдобар начин да се биде родител е децата и родителите да учат едни од други.
Не можеме да ги заштитиме нашите деца од се, воедно ќе го уназадиме доколку се трудиме. Но со тоа што секогаш ќе бидеме тука за нив кога ќе се обидат да сторат нешто и нема да успеат, може да им помогнеме да се чувствуваат доволно безбедно и ќе продолжат да ги превземаат ризиците што треба да ги превземат за да успеат.
Дополнително најавивме вебинар за едукација кој поради зголемениот интерес планиран е да се одржи во месец декември. Темата на едукацијата ќе биде финансиска иднина за децата. Имено нема книга со наслов “Работи и збогати се“ но има позната книга со наслов “Мисли и збогати се“ од Наполеон Хил. Затоа да им го трасираме патот со едукација како правилно да ги насочат своите мисли.
Преку игра и награди до среќни семејства. Со едуцирани родители, едуцирани деца.
Дополнителни информации наскоро за пријава на бесплатниот вебинар.
Во продолжение, фото галерија од настанот.
