Трудница

Приватно здравствено осигурување – ризик бременост и породување

осигуреници

Условите кои ги нудат приватните здравствени клиники за престој и однос кон пациентите се далеку подобри, на едно повисоко ниво во однос на државните клиники. Во однос на здравствената услуга тоа е индивидуално, во зависност од вработениот доктор.

Кога се работи за сопственото здравје а посебно за здравјето на некој во себе, компромиси не се потребни. Сите го избираат најдоброто во рамките на сопствените економски можности.

Искористувајќи ја оваа теза дел од осигурителните компании нудат Доброволно приватно здравствено осигурување. Со вклучен ризик здравствена заштита на трудница и породување како повисок стандард на здравствени услуги.

Осигурувањето започнува со добивање на позитивен тест за бременост и завршува со породувањето.

Ризикот опфаќа редовни гинеколошки прегледи и дијагностички постапки согласно скрининг програмата за заштита на трудница.

Во зависност од компанијата во која ќе склучите договор за осигурување, самото покритие содржи одредени ограничувања. Дел од компаниите ги ограничуваат прегледите на 4 специјалистички прегледи и три дијагностички постапки со посебен агрегат на пример 400евра. Што значи дека имате буџет од 400евра и може да го искористите за сите седум услуги или на една услуга. Самиот чин на породување е со посебен агрегат па така тука има поделба на породување спонтано и породување со царски рез. Друга варијанта е агрегат за прегледи, дијагностички постапки и породување без ограничување на бројот на услуги.

Со оглед дека се работи за природна појава по избор на осигуреникот, заштитата на трудница не е опфатена согласно условите за осигурување. Како посебен ризик се договара со понудата за осигурување и најчесто е привилегија за колективни осигурувања. Односно ризикот е исклучен кај индивидуални осигурувања со цел да се заштитат компаниите од наменски вадење на полиси за породување. Но тоа не значи дека не постои можност за посебно договарање за вклучен ризик и кај индивидуалните осигурувања. Со оглед дека сепак се работи за договорно осигурување.

Доколку се работи за ризична бременост постои веројатност да се препишат одредени лекарства. Согласно условите за осигурување истите се опфатени само доколку содржат активна супстанца, се наведени во централен регистар на лекови. Витамини и додатоци во исхрана се исклучени од осигурување.

Постојат контрадикторности во однос на лековите и количината опфатена со осигурувањето односно временски ограничена терапија. Дел од компаниите имаат ограничување за 30 дена што е повторно за нивна заштита. Имајќи во предвид дека доколку се работи за ризична бременост, лекувањето би траело до самото породување, на пример лекови Clexane.

Воглавно компаниите не ги ограничуваат осигурениците при избор на клиниката каде ќе се прават прегледите, дијагностиката и породувањето. Разликата е доколку се прави во клиника со која компанијата има соработка може да се потврди покритие. Па во ваков случај не би требало да се плати од лични средства. Што е случај кога осигурителната компанија нема договор со предметната клиника.

Во однос на пренаталните тестови за детекција на најчести хромозомски нарушувања кај плодот истите се опфатени со осигурувањето во рамките на лимитите наведени во текстот. Постои разлика кај компаниите во однос на прифаќањето на тестовите. Па така дел од компаниите го прифаќаат Prisca тестот како основен. Со оглед дека ако на него има индикација за одредени отстапувања тогаш се упатува на дополнителни тестови. Но со оглед дека медицината е воедно бизнис, се “продаваат“ останатите тестови кои чинат дури до 10 пати повеќе од Prisca тестот.

Во контекст на наведеното секоја лабораторија си има свој тест:

  • Prisca – 3.800,00денари
  • Nifty – 43.000,00денари
  • Verifi – 38.000,00денари
  • Babytest plus/advanced – 36.900,00денари

Разликата во цените се должи и на разликата на бројот на анализите.

Во секој случај доколку се одлучите следењето на бременоста и породувањето да го направите во некоја од приватните клиники во нашата земја, Доброволното приватно здравствено осигурување е совршен производ за вас. Со напомена дека ако прв пат склучувате ваков вид на осигурување имате каренца која може да биде до 8 месеци. Односно за овој ризик нема да имате покритие 8 месеци по склучување на договорот за осигурување. Или поинаку кажано осигурувањето ќе започне по истекот на 8 месеци од склучување на договорот за осигурување. Доколку сте осигурани преку компанијата во која работите со колективна полиса, постои можност каренца да нема.

Вашето искуство со некоја од нашите осигурителни компании или Вашите коментари и прашања споделете ги со нас на contact@osigurenik.mk

 

 

 

 

fb-share-icon