Од што зависи цената за осигурување од автомобилска одговорност?

осигурување

Сопствениците, односно корисниците на моторни возила согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се обврзани пред да се вклучат во сообраќајот да склучат договор за осигурување од автомобилска одговорност со една од осигурителните компании во Република Македонија и тоа:

          АД Триглав осигурување

          АД Винер осигурување

          АД Кроација осигурување

          АД Сава осигурување

          АД Уника осигурување

          АД Осигурителна полиса

          АД Граве осигурување

          АД Халк осигурување

          АД Еуролинк осигурување

          АД Осигурување Македонија

          АД Евроинс осигурување

Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност се обезбедува сопственикот од одговорност спрема трети лица за причинети штети кои за последици може да имаат: смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето, уништување и оштетување предмети.

Тарифата за осигурување од автомобилска одговорност ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

Цената зависи од моќноста на моторот на вашето возило изразена во KW, на која се пресметува бонус (попуст), доколку во минатите години осигуреникот не предизвикал штета(и) по овој основ, и малус (доплаток), доколку осигуреникот во минатите години предизвикал штета(и) по автомобилска одговорност.

Важно за напомена е дека сумата за осигурување е иста во сите осигурителна компании разликата во сумите се јавува од факторите наведени погоре во текстот додека осигурителните компании немаат можност за промена на сумите со оглед дека се работи за задолжително осигурување.

Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да се склучат следните дополнителни осигурувања:

          Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство – Зелена карта

          Дополнителното осигурување – возач, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење со моторните и други возила

          Дополнително каско осигурување стакла од кршење на патнички возила, товарни возила и автобуси.

Осигурителните компании во делот на задолжителни осигурување немаат простор за манипулација со цените на чинење односно сумите за премија за полиси затоа ретко ама може да се видат промотивни периоди со одредени подароци за купување на полиса за осигурување од автоодговорност, иако од друга страна техничките станици се тие кои доколку купите полиса за осигурување од нивниот брокер ве наградуваат со подарок по избор.

Додека во однос на доброволните- дополнителните осигурување секоја осигурителна компанија има право согласно својата продажна политика да ги утврдува цените на чинење односно сумите за премија за полиси.

Затоа пред да го осигурате Вашето возило од автоодговорност направете анализа за квалитетот на услугите на осигурителните компании кои може да Ви се потребни во текот на осигурувањето со оглед дека сумата која ја плаќате за полисата за осигурување е иста во сите компании.

fb-share-icon

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *