Несовесното постапување на дел од учесниците во сообраќајот е секојдневи на нашите улици, чудо е што се се спремни да направат учесниците само први да поминат на наредната крстосница. Иновативноста кај овие луѓе пуштена на најако.
Имено, во ситуација кога сите возат во колана заради икс причини секогаш има учесник што смета дека со претекнување на колона возила во спротивна лента го нашол решението да ја избегне гужвата.
Влегувањето во крстосница кога нема техничка можност да се измине истата без да се блокираат возилата на кои последователно им се отвара зеленото светло на семафорот, иако казниво и покрај сите камери на нашите крстосници нема влијание кај овој вид на учесници во сообраќајот.
Сообраќајните ленти дали се полни или испрекинати немаат посебно влијание, еднонасочните улици, тротоарите се се користи во борбата прв да се стигне на работа односно дома.
Застанувањето на сообраќајни ленти каде со знак е забрането ЗАПИРАЊЕ И ПАРКИРАЊЕ е како добар ден за одредени учесници во сообраќајот.
Недоволната свесност кај самите учесници во сообраќајот кои ги прекршуваат собраќајните правила не создава ништо повеќе од револт кај останатите учесници, не ретко сме сведоци и на вербални па и физички пресметки на нашите улици. Додека автомобилските свирки се само уште еден невкусен украс на нашите улици.
Покрај недоволната ажурност на институциите во прв ред припадниците на МВР голема вина сносат сите оние кои замижуваат пред противправното однесување на сите “совесни“ учесници во сообраќајот.
Ова е само зачеток на она што следи, од страна на осигуреник.мк во периодот што следи ќе бидат контактирани сите засегнати страни и со увид на лице место ќе биде направено сеопфатно истражување на причините кои доведуваат до револт кај учесниците во сообраќајот и до можните решенија.
Воедно Ве повикуваме Вашите коментари, забелешки, видеа и фотографии да ги доставите на contact@osigurenik.mk
